Ракометарките на Вардар му се реваншираа на францускиот претставник Мец за минатосезонскиот пораз и во Скопје во саботата во првиот натпревар од Главната фаза на Лигата на шампионките го надиграа противникот со 29:23 (15:9), со што најавија дека и оваа година се меѓу најзериозните кандидати за европската титу, бидејќи и се единствен тим со максимален број победи во лигата сезонава.
Самиот факт што Мец уште во првите 20 минути од натпреварот мораше двапати да побара тајм аут покажува за супериорноста на „вардарки“, но и немоќта на гостинките. Вардар почна моќно, и по почетните 2:2 во 6 минута потоа сѐ беше во знакот на „црвено-црните” и за пет минути Вардар имаше предност од 7:3. Во првото полувреме Вардар имаше одлична реализација од 56 отсто на ударите. Седум голови предност (14:7)беше највисоката разлика во овој дел од натпреварот, а на полувреме се замина со предноста за домаќинките од 15:9.
Сепак, ракометарките на Мец не се предадоа и веќе во 39 минута имаа шанса да ја преполоват предноста на Вардар на „минус 3“, но Лејно одично интервенираше. Меѓутоа, Мец продолжи со добрата игра во нападот и по некок минути дојде до заостаток од само три гола (16:19). Вардар побара тајм-аут, а веднаш потоа Лакрабер зголемува на 20:16, а потоа двете екипи имаа неколкуминутен период на игра без добра реализација, сѐ до 43 минута кога Хмирова, а потоа и Пенезиќ повторно му донесоа мирна завршница на Вардар за водство од 22:16. Следеше повторно најголемата предност на дуеот за „вардарки“ од „пус 7“ (23:16), а веднаш потоа со погодокот на Драгана Цвијиќ и највисокото до тој момент од 24:16.
Пивотменот Драгана Цвијиќ повторно беше една од главните алки во тимот со реализација седум од седум, а Амандин Лејно оствари 18 одбрани, а Ина Суслина две
Со оваа победа Вардар останува лидер во групата со 10 бода. Во следното коло Вардар гостува во Германија кај Битигхајм на 4 февруари.