Адвокатот Сашко Дукоски поднесе во вторникот иницијатива за оценување на уставноста на неодамна донесениот Закон за амнестија.
Иницијативата за уставноста на Законот за амнестија, меѓу другото адвокатот ја поведува и поради тоа што во текстот од посочениот закон не е наведено за кои кривични дела не важи амнестијата.
На својот фејсбук профил Дукосто напиша дека тоа ги прави нееднакви граѓаните, односно осудениците. Додава дека ова спроведено законско решение е спротивно на уставното начело за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.
Во изјава за МИА, Дукоски вели дека спорен е членот 3 од Законот за амнестија кој се коси со членот 9 од Уставот на Република Македонија во кој е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и членот 8 од Уставот кој вели дека темелни вредности на уставниот поредок се владеењето на правото и основните човекови права