![iranski paralement](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/iranski-paralement.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор претставува кршење на меѓународното право што ќе го изолира Вашингтон, објави во средата државната телевизија.
„Напуштањето на нуклеарниот договор од страна на Трамп е дипломатска претстава. Иран нема обврска да ги почитува своите обврски во моменталната ситуација. Тоа е закана за мирот и безбедноста. Не сум сигурен дали европските потписници на договорот ќе ги исполнат своите ветувања“, рече првиот човек на парламентот на Иран.
„Очгиледно е дека Трамп го разбира само јазикот на силата…. Трамп нема ментални способности да се соочи со овој проблем“, истакна Лариџани порачувајќи дека американскиот претседател нема капацитет за извршување на должноста.
На почетокот од седницата на иранскиот парламент, пратениците го запалија американското знаме и копија од договорот, а го извикуваа и слоганот „Смрт за Америка“.
Трамп во вторникот ги повлече САД од договорот, со што го зголеми ризикот од судир на Блискиот исток, вознемирувајќи ги американските сојузници во Европа и внесувајаќи незсигурност во светското тргување со нафтата. Објави дека САД се повелекуваат од меѓународниот нукеларен договор за да се спречи Иран да развие нуклеарна бомба, како и дека веднаш на сила ќе ги врати американските економски санкции за Техеран.
Обединетите нации, Европската унија и другите потписнички на нуклеарниот договор со Иран, како и регионалните челнции изразија уште во вторникот ноќ жалењ и загриженост поради американската одлука. Но таа ги израдува стратешките партнери на САД на Блискиот исток и големи непријатели на Техеран – Израел и Саудиска Арабија.