Центри за мигранти во Македонија, услов за почеток за преговори со ЕУ

Ексминистерот Веле Самак итниот состанок на Европската Унија за новата криза со мигранти го оцени како обид за спас на германската канцеларка Ангела Меркел од кризата која се очекува набрзо повторно да го зафати европскиот континтент.

Самак вели дека на состанокот германската канцеларка побарала прифатни центри за мигранти во земјите од Балканскиот полуостров, конкретно Македонија, Албанија и Србија, а за возврат тие да добијат датум за почеток на преговорите со Унијата.

ЕУ мини-самит за спас на Меркел ради мигранти: Меркел ќе бара азил- центри во Албанија, Македонија, Србија. За возврат почеток на преговори со Албанија, Македонија. Ради деликатноста со геноцидниот договор Македонија не се спомнува јавно, напиша Самак на социјалните мрежи.