Коалициските партнери во германската влада постигнаа договор за спорот околу мигрантите.
По синоќешните интензивни преговори партиите на германската канцлерка Меркел и на миниситерот за внатрешни работи Зехофер се договорија за подигање транзитни центри на германско- австриската граница од кои барателите на азил ќе бидат враќани директно во земјите каде се првично регистрирани при влезот во ЕУ.
Компромисот е навистина добар, изјавија МЕркел и Зехофер. Разликите околу миграциската политика меѓу двајцата лидери се закануваа да ја растурат четимиресечната владејачка коалиција.
Во владиното соопштение се наведува дека Австрија е подготвена да преземе мерки за заштита на јужните граници, во кои спаѓаат оние со Италија и Словенија. Ако се утврди дека мигрантите веќе аплицирале за азил во друга земја од Европската унија, ќе бидат вратени во нивната родна земја или во Австрија, во очекување на договор со австриската влада .