5.8 C
Skopje
недела, ноември 17, 2024

Ѓорчев се сретна со американски конгресмен и пратеници на германските конзервативци

Во текот на посетата на германската престолнина Берлин, пратеникот на најголемата македонскоа опозицска партија ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев оствари билатерална средба со пратениците на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, Фолкмар Клајн и Јоханес Селе, како и со членот на американскиот Конгрес од Републиканската партија, Роберт Питинџер.

На средбите пратеникот Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Република Македонија, како и бројните внатрешно политички и економски проблеми, кои се резултат на работењето на актуелната влада на СДСМ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на парламентарниот форум за безбедност и разузнавање кој се одржува во Берлин, во германскиот Бундестаг. Форумот е во заедничка организација на конгресмени од САД и парламентарци од Германија, а на него учествуваат поголем број на парламентарци од повеќе земји кои се дел од земјите членки на ЕУ и НАТО.

На форумот ќе се разгледаат теми поврзани со одбраната, безбедноста, борбата против тероризмот и повеќе други прашања поврзани со овие теми.