
Не е ретка слика од тениските терени дури и најдобрите тенисери во светот во моменти на лудило и незадоволство од сопствената игра да фрлаат и кршат рекети, да пцујат и гласно да негодуваат. Но никогаш не е забележано да се самоповредуваат.
Необичната ситуација се случи за време на натпреварот меѓу Германецот Александар Зверев и Стефанос Циципас на турнирот во Вашингтон. Грчкиот тенисер, кој е 32 на АТП листа, целосно ја изгуби контролата при резултат 4:1 во првиот сет во корист на Германците.
Stefanos Tsitsipas is frustratedpic.twitter.com/zSCyyA3SYc
— SI Tennis (@SI_Tennis) August 4, 2018
Тој седна на клупата и почна да се удира по главата.
Германецот славеше со 2:0 во сетови (6:2, 6:4) и се пласираше во финалето на турнирот.