Италија во саботата се прости од жртвите во уривањето на надвозникот во Џенова на државниот погреб во овој северен италијански град, кој го одбија половината од семејствата, а челниците на конмпанијата „Аutostrade per l’Italia“, оператор со автопатот А10 чиј дел е урнатиот вијадукт, ветија половина милијарда евра помош за семејствата на жртвите и обоновување на мостот.
Бројот на жртвите од оваа трагедија се искачи на 43, пренесува агенцијата ANSA. Според извештајот, станува збор за 36-годишниот романски возач Маријан Роска, кој заедно со другите повредени беше хоспитализиран во болницата „Сан Мартино“. Претходно беше објавено дека е најдено тело на работник во урнатините, како и телата на брачна двојка од Торино и нивната 9-годишна ќерка во автомобил под бетонски блок.
Властите немаат податоци за исчезнати, но спасувачите ја продолжуваат потрагата во купиштата бетон и челик под надвозникот.
Претпладнето беше одржана литургијата за 19 жртви, кои беа погребани на државниот погреб, во просторот на Изложбениот и трговски центар во крајбрежниот град на северот од Италија, којашто ја водеше надбискупот на Џенова, кардиналот Анџело Бањаско. Тој рече дека трагедијата нанесе „удар во срцето на Џенова“, дека „раната е длабока“, а „заслужената правда нема да ја избрише трагедијата“, но оти градот не се откажува од своите жители и ќе продолжи да се бори, како и дека „ќе умееме како да го извлечеме најдоброто од нашите срца“.
На погребната церемонија во Џенова, присустуваа и шефот на државата Матарела и премиерот Конте. Тогаш беа прочитани имињата на 38 загинати дотогаш иденификувани и споменати и можните жртвите.
Во цела Италија државните намиња се на половина копје и во текот на ноќта се гаснеа осетлувањата на бројните споменици ширум замјата. Спортските натпревари започнуваа со минута тишина во чест на настраданите, а мечевите на двата фудбалски прволигаша од градот, Сампдорија и Џенова се одложени за следните месеци.