Фудбалерите на Брајтон енд Хоув Албион приредија изнадување совладувајќи го фаворизираниот Манчестер Јунајтед со 3:2, додека претходно во неделата актуелниот шампион Манчестер Сити со 6:1 беше убедлив против Хадерсфилд Таун.
Дури четири голови од мечот во Брајтон беа постигнати во првото полувреме, а последниот погодок беше постигнат во судиското продолжение. „Галебите“ поведоа во 25 минута со убавиот гол на Глен Мареј, а само две минути подоцна Шејн Дафи во мешаница во казнениот простор погоди за 2:0. Надежите на Манчестер Јунајтед ги врати Ромелу Лукаку во 34 минута, но во последната минута од првото полувреме Паскал Грос реализираше пенал за 3:1.
„Црвените ѓаволи“ во второто полувреме сите карти ги фрлија на нападот, но не создадоа ниту една сериозна можност да постигнат гол. Во последните моменти од мечот Пол Погба ги постави конечните 3:2 со удар од белата точка. Јунајтед во текот на мечот упати само три директни удара кон противничкиот гол, а по уште една бледа партија, позицијата на Жозе Мурињо е доведена во прашање.
Во претходно одиграниот меч, актуелниот англиски шампион Манчесетер Сити го победи Хадерсфилд Таун, а главна улога на мечот на „Итихад“ имаше аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро кој постигна хет-трик, во 25, 35 и 75 минута, а меѓу стрелците се впишаа и Габриел Жезус во 32, Давид Силва во 48 и Теренс Конголо кој си постигна автогол во 84 минута. Погодогокот за гостите го постигна Јон Станковиќ во 43 минута.
За одбележување е што за првиот гол на Сити асистираше голманот Едерсон кој упати долг и прецизен дегажман кон Агуеро. Со тоа Бразилецот стана првиот голман во историјата на Манчестер Сити кој впишал асистенција. Од друга страна, за Агуеро ова е деветти хет-трик во Премиер лигата и само Ален Ширер е поуспешен. Поранешниот напаѓаќ на Саутемнтон,к Блекбурн Роверс и Њукалс Јунајтед во најелитното англиско фудбалско натпреварување постигнал 11 хет-трика.
Победа, и тоа втора на самиот старт од сезоната што е голем клупски успех, постогна и Вoтфрд кој на победи на гостувањето кај Барнли со 3:1. Вотфорд досега само еднаш го отворил првенството со две победи. Тоа се случи во 1983 година, кога на крајот беше втор.
Головите за Вoтфорд ги постигнаа Греј во 3, Денеј во 48 и Хју во 51 минута, додека за домашните погоди Тарковски во 7 минута.
Во саботата беа постигнати следните резултати: Кардиф Сити – Њукасл Јунајтед 0:0, Лестер Сити – Вулверхемптон 2:0, Евертон – Саутемптон 2:1, Тотенхем – Фулам 3:1, Вест Хем – Борнмут 1:2 и Челзи – Арсенал 3:2.
На табелата водат Манчестер Сити, Челзи, Вотфрорд, Тотенхем и Борнмут со по шест бодови од две кола.
Ним може да им се придружат Кристал Палас или Ливепрул кои меѓусебниот дуел го играат во понеделник.