Американските демократи ги променија правилата за номинирање претседателски кандидат

Претседателот на Националниот комитет на Демократската партија, Том Перес/ © AP Photo/Annie Rice

Американската Демократска партија во саботата ја ограничи улогата на ткн суперделегати во изборот на партискиот кандидат за претседател на САД, со рамките на настојувањата да се зајакне партијата и да се осигури победа на претседателските избори во 2020 година и „уште многу години во иднина“, изјави претседателот на Националниот комитет на Демократската партија (DNC), Том Перес по заседанието на комитетот одржан во Чикаго, во сојузната држава Илиноис.

На национална конвенција, којашто се организира во изборна година и се избира единствениот кандидат на која и да е партија за претседател на САД, гласаат делегатите и ткн „суперделегати“. Тоа се политичари кои веќе заземаат високи изборни функции, вклучително сенатори и конгресмени, гувернери, членови на националниот партиски комитет и други личности, кои имаат особени партиски заслуги. Меѓу последните вообичаено се избираат партиските лидери од одредени сојузни држави.

„Суперделегатите“, за разлика од обичните делегати, имаат право да гласаат на конвенцијата за кој и да е претендент за кандидат на претседателските избори, а не за оној кој во текот на партиските предизбори освоил мнозинство гласови во одредена држава. Сега, пак, им се порачува да се воздржат од првиот круг на гласањето на конвенцијата, но не им е забрането да учествуваат во вториот и последниот круг, доколку има потреба за тоа. Ваквата новина е воведена за да ја зголеми транспарентноста на изборниот процес на претседателскиот кандидат од страна на демократите и да се зголемат шансите за добивање на номинацијата од политичари кои не се фаворити на партиската елита, како што беше случајот особено на последните ибори во 2016 година.

„Денес ја почитувавме волјата на избирачите, гласавме за враќање на власта на базата на нашата партија за сметка на огрничувањето на улогата на ’суперделегатите’ во процесот на избор на канидатот на демократите“, истакнува Перес во писмената изјава за медиумите.

„Со цел да се направи процесот на утврдување на кандидатите поинклузивен, потранспарент и подостапен, Демократскиот национален комитет одобри поширока употреба на партиските прелиминарни избори, така што повеќе луѓе би можеле да учествувааат во процесот“, додава челникот на DNC.

Според него, партиските организации во оние држави каде што не се спреведуваат прелиминарните (внатрепартиски) избори, туку конвенцијата на партиските активисти, се препорачува да се овозможи гласање во отсутност и да се подобри процедурата за пребројување на гласовите доколку е потребно пребројување на гласачките ливчиња.

Оваа новина, во прв ред, ги има предвид недостатоците на системот кои се појавија во текот на претседателската кампања во 2016 година. Тогаш сенаторот од државата Вермонт, Берни Сандерс, се кандидираше за номинацијата на Демократската партија и беше главен ривал на поранешна прва дама и државна секретарка Хилари Клинтон. На крајот од внатрепартиската битка Сандерс мораше да отстапи во полза на Клинтон во крајно скандалозни околности.

Имено, досега неидентификувани хакери успеале да украдат од компјутерските системи на DNC електонска комуникација којашто ја проследија до организацијата WikiLeaks, којашто, пак, на интернет објави илјадници од тие документи. Од преписката меѓу највисоките партиски функционери и изборниот штаб на Клинтон, стана јасно дека наместо својата неутралност DNC, активно барал начини како во првата фаза од внатрепартиските избори да се поддржи Клинтон на штета на Сандерс. Преписката содржеше силно компромитирачки материјал, меѓу кои и упатства со уредници на медиуми како да се омаловажува левичарската опција на Сандерс и како да се фабрикуваат скандали на негова сметка. Исто така, беа споменувани и начини за влијание врз одредени целни групи гласачи.

Поради овој скандал принудена да поднесе оставка беше претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц.

Хилари Клинтон, сепак, ја доби номинацијата на демократите, меѓутоа иако беше фаворизирана и во медиумите во САД на крајот беше изенадувачки поразена од републиканскиот противкандидат, актуелниот американски преседател Доналд Трамп. Републиканецот победи со поддршката од 304 членови на ткн Изборен колеџ, додека демократката освои 227 електорски гласови. Истовремено, според бројот на апсолутните гласови Клинтон освои 48,07, отсто наспроти 45,99 отсто кои гласале за Трамп, што укажуваше на предност од речиси три милиона гласови. Меѓутоа, подоцна по уважувањето на жалбите во некои сојузни држави, се покажа дека многу од гласовите кои ги добила демократската кандидатка биле неважечки, односно биле на лица кои немале право на глас.