Вучиќ на Косово порача дека Србите и Албанците треба да разговарат со поголемо меѓусебно почитување

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во саботата дека во текот на неговата посета на поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија донел пораки на мирот и соработката и истакна дека е дојдено времето Србите и Албанците да разговараат со многу поголемо меѓусебно почитување,

Српскиот претседател, со засилени безбедносни мерки, попладнето во саботата ја започна дводневната посета на српската заедница на Косово и во текот на посетата на водоснабдителниот и хидроенергетски систем Газиводе, стратешки ресурс кој е предмет на спорови во преговорите меѓу Белград и Приштина, исткана дека Србија им носи пораки на мир на Албанците, но дека е потребно многу трпение за да се постигнат договорите во интерес на двете заедници.

Приштинските власти во петокот ноќта објавија дека сепак дале одобрување Вучиќ да го посети Газиводе што претходно го забранија, а според тамошните медиуми таквата одлука била донесена по целодневно инсистирање на САД.

„Пробавме сé со Албаницте, но тоа не донесе многу среќа ниту нам, ниту ним. Време е да почнеме да работиме со многу повеќе почитување. Но за тоа се потребни и време и многу добри луѓе кои би работеле на тоа“, порача Вучиќ.

Оценувајќи дека не е лесно да се постигне договор и спогодба за Косово, бидејќи „Србија нма поддршка од меѓународната заедница“, Вучиќ порача дека е „важно да го сочуваме мирот“. Порача и дека носи идеи за зачувување на мирот и стабилноста, со обидите да се „во идните времиња“ создаваат подобри односи меѓу Србите и Албанците.

Тој на Србите на Косово, кој во енклавите јужно од реката на Ибар и во окружување мнозински населено со Албанци, им порача дека немаат причини поради што да се грижат, ниту по оцените на германската канцеларка Ангела Меркел која истакна дека во интерсот на Европската унија е стабипен западен Балкан, како и дека територијалниот интегритет е важна појдовна точка за регионот.

„Знам што би сакале да слушнете, но тое не можам да ви го кажам, не затоа што не сакам, туку затоа што сум доволно одговорен, а знаете колку се борам“, изјави спрскиот претседател подоцна пред грѓаните во Лешак, кои го дочекаа со аплаузи, транспаренти со натписот „Вучиќ – Србија – Косово и Метохија“ и повиците „Ацо Србине“ а на кои им вети скорешни инвестиции од Србија и помошт во санирање на тамошната инфраструктура.

Дводневната посета на српскиот претседател на Косово беше неизвесна до петокот вечерта, кога тој соопшти дека и покрај притисоците и непријатностите на коишто била изложена српската заедница, како и покрај бројните провокации од косовската страна, сепак ќе биде истраен во намерата да го посети Косово.

По попладневните посети на српските села на северот од Косово, и вечерашниот состанок со претставниците на косовските Срби, Вучиќ во недела треба да им се обрати на сонародниците граѓани на Косово во Косовска Митровица.