Фудбалскиот сојуз на Италија го казни прволигашот „Киево“ од Верона со одземање на три бода и парична казна од 200.000 евра поради финансиски неправилности.
Спортскиот суд на сојузот утврди дека „Киево“, кој во моментов е последнопласиран во првенството, е виновен дека во периодот од 2015 до 2018 година ги „пумпал“ цените на младите играчи кои доаѓаале од второлигашот „Чезена“ и на тој начин оствариле профит од 27 милиони евра и си овозможил регистрирација во Серија А, што инаку не би можеле да го сторат.
Двете казни треба да се применат во текот на сезонава, а сојузот потенцира оти доделиле поблага казна бидејќи обвинителството побарало одземање на 15 бода.
Претседателот на клубот, Лука Кампедели е суспендиран на три месеци, а четворица негови соработници на четири недели.
„Чезена“ е казнета само со шестонеделна суспензија за двајца нејзини директори бидејќи е под стечај и нема професионален статус.