Мас: Референдумот е историска шанса за Македонија

И германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас како и неговата канцеларка Ангела Меркел претходно, ги повика граѓаните да излезат на гласање за референдумот по денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Мас денес и утре престојува во официјална посета на Република Македонија. е десе приклучи на повиците за успешен референдум што во прсрет на гласањето ги испраќаат меѓународните претставници.

Министерот Димитров го брифираше својот германски колега за актуелните внатрешно-политички состојби, текот на домашните реформи и надворешно–политичките приоритети на Република Македонија, со акцент на актуелностите поврзани со спроведувањето на претстојниот референдумот. МНР Димитров изрази длабока благодарност за континуираната и активна поддршка од Германија за имплементација на реформската агенда и придвижување на процесите за пристапување на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Направивте историски потег со грчката влада. 25 години спорот меѓу Македонците и Грците беше пречка помеѓу двете држави, а сега е блиску и на дофат историската шанса овој спор еднаш и засекогаш да се реши. Се надевам дека што е можно повеќе Македонци на 30 септември ќе го искористат своето демократско право и ќе гласаат. Одлуката сега лежи во рацете на граѓаните на оваа држава и тоа е правилната можност. Се надевам ќе ја искористите истата, кажа Мас.