Најмалку една жртва во судир во мигрантски камп во Грција

бегалски камп малакаса

Еден маж е убиен а уште други осум лица се повредени, во судир меѓу бегалци во миграцискиот центар Малакас, северно од грчката престолнинина Атина во саботата, пренесува порталот iefimerida.gr.

Судирот меѓу групи сириски и авганистански бегалци започнал во петокот, а продолжил во саботата попладнето. Еден 31-годишен Сириец кој бил брутално претепан, подоцна починал во болница, а уште осум лица се повредени и хоспитализирани.

Порталот наведува дека има информации за уште една жртва од судирот, но оти полицијата засега не ја потврдува.

Грчката полиција води истрага за насилствата и убиството, и трага по сторителите. Причината за конфликтот меѓу двете бегалски групи засега не е позната.