Ракометарите на „Металург“ го забележаа и третиот пораз сезонава во Лигата на шампионите откако во салата „Јане Сандански“ загубија од „Татран Прешов“ со 24:29.
Тимот од Автокоманда играше во салата на „Вардар“, но и тоа не му помогна на „Металург“ да дојде до први бодови сезонава. Гостите го почнаа мечот поконкретно и поведоа со 4:0, по што следеше серија на „Металург“ од 5:0, по што двете екипи се менуваа во водство. Сепак, на полувреме резултатот беше 12:13, по што и вториот дел од натпреварот продолжи со изедначена борба.
„Татран“ почна да први разлик во 43 минута, кога домашните ракометари, како и на претходните натпревари падна во играта па гостите дојдоа до 25:19 и до крајот не го испуштаа водството за убедлив триумф.Најефикасни во составот на Металург беа Јагањац и Танкоски со по пет гола, а одличен на голот беше Томовски со девет одбрани.Ова е трета победа за „Татрн Прешов“ кој е лидер во групата „Ц“.