Хамилтон најдобар и во Сузука

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон победи на трката во Сузука за Големата награда на Јапонија откако беше најдобар на слободните тренинзи, но и во квалификациите.

За Британецот ова беше шеста победа на оваа патека во последните седум трки. Зад Хамилтон се пласираше неговиот клупски колега Валтери Ботас, па „Мерцедес“ оствари двојна победа и ја зголеми предноста во конкуренција на конструкторите.

Трет трата ја заврши возачот на „Ред Бул“, Макс Верстапен , кој заостана околу 15 секунди зад Хамилтон. Неговиот колега, Даниел Рикиардо, кој поради киксот во неговиот бокс во квалификациите мораше да стартува од 15 позиција, успеа да дојде до четвртото место.

Зад нив се пласираа Кими Раиконен и неговиот клупски колега од „Ферари“, Себастијан Фетел, Серхио Перез од „Форс Индија“,  Роман Грожан со „Хаас“, Естебан Окон од „Форс Индија“ и Карлос Саинц на „Рено“.

Трката ја одбележа инциденти меѓу Верестапен и возачите на „Ферари“. Во првата ситуација Финецот излета од патеката, а кога се врати му ја затвори тркачката линија на Раиконен и заработи пет секунди казна. Во продолжение на трката Фетел се обиде да го престигне Верстапен во битката за третото место, но имаше контакт по што болидот на „Ферари“ се сврте на патеката, по што Германцот ги изгуби шансите за подобар пласман.

На четири трки до крајот на шампионатот Хамилтон е прв со 331 поени, а зад него е Фетел со 264 и Ботас со 207 поени. „Мерцедес“ е прв и кај конструкторите со 538 поени пред Ферари со 460.