За холивудскиот актер Том Круз времето како да е застанато. Фотографиите од сетот на снимањето на продолжението на легендарниот филм „Топ Ган“кој се снима во Сан Диего, Калифорнија покажуваат дека Круз е ист како пред 32 години кога го снимаше филмот, кој му обезбеди статус на голема ѕвезда.
Актерор повторно чуствува „желба за брзина“ па е снимен на мотор опремен со познатата војничка јакна и пилотските наочари за сонце, исто како и пред три децении.
Продолжението на филот е со наслов „Топ Ган: Маверик“, а го режира Џозеф Косински. Филмот ја раскажува приказната за пилотот Пит Мичел „Маверик и неговиот живот во армијата. Во продолжението на „Топ Ган“ освен Круз од првобитната актерска постава ќе се појави и Вал Килмер. Премиерата на филмот е закажана за јули 2019 година.