Убивањето на Кашоги траело седум минути

Извор од Турција, кој го слушал звучниот запис за наводното убиство на саудискиот новинар, Џамал Кашоги, рекол дека требало седум минути Саудиецот да умре, пишува Middle East Eye. Новинарот бил одвлечен од канцеларијата на генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул во неговиот кабинет, кој се наоѓа во куќа покрај конзулатот. Ужасните врисоци на Кашоги ги слушнал сведок од кат подолу.

Новинарот не се ни обиделе да го испитуваат, дојдоа да го убијат, изјави изворот за Middle East Eye.

Кашоги, наводно, престанал да вриска откако со инјекција му била вбризгана непозната супстанца .

Д-р Салах Мухамад ал-Тубаиџи, шеф за форензички докази во саудискиот Одел за општа безбедност, водач на Сојузниот совет за форензика и наводно еден од членовите на 15-члената група, која на ден пред наводното убиство на Кашоги со приватен авион стигнале во Турција, почнал да го распарчува новинарот на маса во кабинето додека сè уште бил жив. Убивањето на Кашоги траело седум минути.

Според сведоштвото на изворот што ја слушнал снимката, форензичарот пред да почне да го касапи телото ставил слушалки за да слуша музика додека го одработува својот дел од работата.

Кога ја работам оваа работа, слушам музика. И вие би требало тоа да го правите, им рекол ал Тубаиџи на останатите лица во просторијата.

Триминутната верзија од снимката на Кашоги била предадена на турскиот весник „Сабах“, но се уште не е објавено.

Друг турски извор за „Њујорк тајмс“ изјави дека ал-Тубајџи имал пила за коски. Саудискиот форензичар во интервју во 2014 година за „Ашарак ал-Асат“, саудиски весник од Лондон, објаснил како функционира мобилната клиника која им овозможува на патолозите да спроведат обдукција за седум минути за да се утврди причината за смртта на аџиите кои одат во Мека на аџилак .

Весникот напишал дека ал-Тубиги делумно ја дизајнирал оваа мобилна клиника и дека таквата клиника би можела да се користи во безбедносни случаи кои бараат извршување на обдукција на местото на злосторството.

Ова се првите детали објавени во врска со наводното убиство на Кашоги, последен пат виден како на 2 октомври влегува во саудискиот конзулат во Истанбул за да се реши некои административни работи.

Саудиски официјални лица тврдат дека немале никаква поврзаност со исчезнувањето на Кашоги и дека  новинарот излегол од конзулатот веднаш по влегувањето во него. Меѓутоа, засега не понудија никакви докази за потврдување на нивните тврдења, бидејќи според нив, камерите во конзулатот не работеле во времето кога Кашоги бил таму.