Најмалку 25 турски војници е повредени, а седум се сметаат исчезнати во петокот по „случајна“ експлозија којашто се случила во воена база на југоистокот од Турција.
Турското министерство за одбрана во официјално соопштение појаснува дека „несреќата“ се случила по „истрелан куршум од тешко оружје“ во воената база Суњгу Тепе, во покраината Хакарија, во близина на границата со Ирак и Иран.
Вкупно 25 војници се хоспитализирани поради повредите, чијашто тежина не се наведува во соопштението на министерството и во моментов трае потрагата по седум војници кои е водат како исчезнати.
Околносите во кои дошло до експлозијата се’ уште се нејасни, и властите забранија снимки од местото на инцидентот. Дневниот весник Yeni Safak, кој се смета за близок на владејачката партија, сепак, на својот портал објави фотографија на којашто се гледа како густ чад се издигнува над еден рид.
Во првото соопштение по несреќата беше објавено дека станува збор за експлозија на „неисправна муниција“ во моментот кога бил отворен оган од тешко оруќје, гувернерот на покраината Хакарија во дополнително соопштение наведува дека станува збор за „експлозија којашто се случила во магацин со муниција“. Останува нејасно дали инцидентот се случил во борбена операција или при вежба.
Базата во којашто се случила експлозијата е сместена во тешкопристапното подрачје каде што се чести судирите меѓу турските воени единици и припадниците на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК).