Четири случаи на шуга регистриани во амбулантата на Бит пазар

Основното училиштет„Владо Тасевски“ во петокот беше затворено заради дезинфекција на сите простории, а повторно продолжува со работа в понеделник, а причината е појавата на шуга.

Она што зачудува е што семејството на детето не се приматели на социјална помош, како што велат од надлежното министерство, а дали станува збор само за родителска негрижа, односно во какви услови живее ученикот, ќе утврди истрагата на социјалните работници.

Во меѓувреме, за само еден ден, во кожната амбуланта на Бит пазар се регистрирани четири случаи на шуга.

Лекарите за дел од медиумите, зачудено велат дека расте бројот на луѓе кои живеат во нехигиенски услови и доаѓаат да бараат помош токму со дијагноза на оваа заразна болест.