Лионел Меси беше прогласен за најдобар напаѓач во 2018 година од страна на американскиот спортски медиум ЕСПН. Каналот направи ранг листа од 100 врвни играчи и тренери.
На листата, после аргентинскиот играч, се позициите ги зазедоа Кристијано Роналдо, Килијан Мбепе, Еден Азар и Антоан Гризман.
За најдобар голман е прогласен Дејвид де Хеа, а зад него следуваат Јан Облак, Тибор Куртоа и Марк Андре дер Штеген.
Иделниот одбранбен ред би го сочинувале Дани Карвахал, Серхио Рамос и Марсело.
Лука Модриќ е прогласен за најдобар плејмејкер, а Кевин де Бруин за најдобар офанзивен играч од средниот ред.
Садио Мане е избран за најдобар крилен играч, Лионел Меси – за напаѓач, и Хари Кеин за централен напаѓач.