Трамп со две честитки, за Болсонаро и за оние што патат од „синдромот Трамп“

Американскиот претседателот Доналд Трамп му честиташе во вторникот на својот бразилски колега по должност Жаир Болсонаро на неговиот блескав инаугирациски говор, додека во друг твит посака среќна Нова година но и ги обвини своите критичари дека патат од „нарушувњањето Трамп“.

„Честитки за претседателот Жаир Болсонаро кој штотуку имаше блескав инаугурациски говор – САД се со вас“, напиша Доналд Трамп на Twitter грантирајќи му ја на ултрадесниот бразилски челник поддршката од Вашингтон.

Крајно десниот националист Болсонаро, кој вети пресметка со корупцијата во политиката, насилниот криминал и заживување на паднатата бразилска економија со дерегулација и фискална дисциплина, во вторникот ја положи свечената обврска за нов претседател на Бразил. Неговото доаѓање на власт силно ја скршнува надесно првата сила во Латинска Америка, и отвора прериод полн со неизвесности.

Честитајќи ја во вториот твит Новата година, Трамп ги обвини своите критичари дека патата од „нарушувањето Трамп“.

„Среќна Нова година на сите, вклучително и мразачите и медиумите за лажни вести. Годината 2019-та ќе биде фантастична за сите оние кои не боледуваат од синдромот нарушување Трамп. Смирете се, уживајте, многу прекрасни работи се случуваат во нашата земја“, напиша Трамп во пораката во целост напишана со големи букви.