Јануари бил досега најтоплиот месец забележан досега во Австралија, додека во САД во поларните студови смртно настрада најмалку 21 лица.
Во текот на бранот жештини во Австралија во некои подрачја неколку дена по ред температурата беше над 40 Целзиусови степени. Жештините предизвикаа прекин во снабдувањето со струја во некои делови од земјата. Цените на струјата драстично скокнаа, а во пожарите се уништени куќи во јужната островска сојузна држава Тасманија.
„Според највисоките, најниските и средните температури тоа не беше само наш најтоплиот забележан јануари, туку беше и најтоплиот забележам месец воопшто, а тие податоци се собираат од 1910 година“, вели Ендрју Воткинс, климатолот од австралиското Биро за метеорологија и додава дека изгледно дека жештините продолжуваат сѐ до април. Просечната температура за јануари во целата земја била над 30 Целзиусови степени, соопшти австралиското метеоролошко биро.
Централните делови САД се парализирани од арктичкиот студ кој ги спушти температурите и до минус 48 Целзиусови степени. Функционерите од повеќе социјални држави повеќето од смртните случаи ги припишаа на ледениот воздух.
Бројот на смртно настраданите од претходните 12 се искачи на 21, откако во Чикаго поради екстремниот труд починале девет лица, според др Статис Пулакидас од чикашката болница „Joh H Stroger Jr.“. Некои загинале во сообраќајни несреќи поврзани со студеното време, а други поради изложеност на студ.
Бездомниците се особено загрозени во Чикаго и други градови поради тоа отворија засолништа во кои може да се затоплат. „Едноставно нема изгледи дека доколку не сте близу извор на топлина можете долго да преживеете по вакво време“, изјави за локалните медиуми Стивен Ивенс, шеф на мртовечницата на округот Лорен.
Минаа повеќе од дваесет години откако сличен арктички бран го погоди централниот запад на САД и североистокот. Забележани се повеќе од 30 рекорди на ниски температури, а најниската во четвртокот го регистрирал Колтон во сојузната држава Минесота била минус 48 Целзиусови степени. Се очекува дека бранот од арктички студ ќе заврши во текот на викендот.