2.8 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2025

Мицкоски: Заевизмот го гуши македонското општество

Заевизмот силно го задушува нашето општество и за тоа има докази секоj ден и на секој чекор, констарише во саботата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, на средбите со граѓаните на Струга.

„Денес гледам од одредени медиуми како се пренесуваат СМС пораки од премиерот во кој се фали дека вработил над 28 илјади партиски војници. Ако ова e вистина тоа значи дека за толку ја оптоварил државната администрација, за 28-те илјади плати кои ќе ги плаќаат граѓаните.

Очигледно непотизмот како канцер се шири и претставува составен дел на Заевизмот, но вистинската хаварија е тоа што позади секој од тие 28-те илјади ново вработени партиски луѓе, стои најмалку еден разочаран граѓанин и млад човек, кој учел, се борел низ животот, неговото семејство вложувало и се надевало.

Сега кај секој еден од нив помислата е една, како може да ја напуштат државата затоа што со оваа власт тука иднина нема. Тоа е страшната последица на Заевизмот данокот кој го плаќа секој еден граѓанин.

Не смееме да бидеме општество на привилегирана власт и угнетени граѓани. Не смееме да дозволиме талентираните да бидат бркани од неталентираните. Оваа држава треба да биде подеднаква за сите граѓани“-истакна Мицкоски по посетата на Струга.