На годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска рече дека не треба да се има дилеми дека Македонија како народ, идеја, како слободоумност минативе 15 месеци се бореше со најсилниот противник, се бореше со политичка елита и цивилизација кон кои се стремиме да се придружме и можеби затоа оваа разврска уште повеќе боли.
Не треба да се има заблуда дека имавме шанси да се бориме против овие сили кои преку своите вазали во македонската влада ги спроведоа своите регионални балкански идеи со глобален вкус.За жал или за среќа битката за идентитет не е завршена, заттоа што народ со пенало не се брише, идентитет е длабоко вкоренет и ќе ги надживее овие неправди. Но сепак Македонските граѓани етнички Македонци,колку и да звучи ова нелогично во една национална држава ги очекуваат мачни обиди да го зачуваат својот идентитет како Македонци затоа што актуелните власти нема да им помогнат во таа битка.
Истакна дека очекува катастрофална ситуација во која ќе се санкционира секој официјален претставник што ќе користи само Македонија без да каже дека е Северна.
-Со оглед на тоа што актуелните власти нема да сакаат да се грижат за своите национални интереси за да не ги налутат новите нивни лични пријатели јасно е дека товарот ќе падне на оние што не се уплашени, оние што не стравуват. Почитувани дами, почитувани сетри од Република Македонија, не плашете се ! На своја страна го имаме мегународното право, мегународните конвенции, го имаме својот пркос, првадата и љубовта кон Македонија. Сите ние како жени, како мајки од било која професија ви предлагам да тргнеме кон едно големо напред кон победа. Оти во секоја една од нас лежи една Параскева од драмите на Горан Стефановски, една Велика од Петре. М. Андервски една Арбулика од Чинго. Чашулевата Магда.
Ласовска и порача на жените дека во секоја од нив таи ,Сара, Хасие, Милица, Дона и многу други. Ама секое таење може да прерасне во крик. Женското писмо нека не натера на новиот крик. КРИК за Република Македонија. Со исправена глава, гордо кренета, стануваме за Македонија.
„Еднаш да станеме вистински жени! А што мислите дека ние жените не можеме да кренеме женско востание,женска револуција? Зарем во Македонија нема такви жени помеѓу сите етноси? Но не почитувани, нашата револуција е љубовта и разбирањето, стремежот кон подобро утре за нашите деца“, рече претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
„Веговме повеке во политичкиот жаргон, а заборавивме дека животот е некаде другаде или како што ке написе Вирџинира Вулфќ сакав да пишувм за смртта но од некаде се појави животот. Македонија има се, но нема живот и нема подобро утро. И никој нема право да го вперува прстот во ВМРО-ДПМНЕ и да не нарекува Антизапдни, Анти-европски и Анти-НАТО кога уште во 1993 како Унија на жени бевме првенци во тие идеи. Секогаш сме биле прогресивни за Република Македонија. Затоа почитувани, уважени сестри од сите политички опции, време е да градиме ново сестринство, знам дека длабоко во себе сите сте свесни дека Македонија ја доживува најголемата модерна трагедија. Да биде упропастена од луѓе кои незнаат, неумеат, кој силно го гушат општеството. Заевизмот не е само метаофара туку болна реалност која ја живееме.
Истакна дека Македонија денеска е тема на влијателни медиуми кои прашуваат дали името кое Заев го договори Северна Македонија воопшто има национален идентитет. Какво дрско понижување на се што е Македонско.
„За понижувањето кое ни го приредија, кое откако домашните некадарници создадоа терен, чекавме грчките националисти да одлучуваат како ќе се нарекуваме, ќе суди историјата некогаш, но граѓаните веднаш. Нема друго образложение што може да го оправда ова извртувања на патот на нашите претци, кон сегашните генерации и кон тие што ќе не наследат. Горчлив вкус ни остана на сите во устата“, рече Ласовска.