Новозеландската полиција сака да ја отстрани снимката од нападот во Крајстчрч

„Да започнеме со оваа журка“, се воведните зборови од вознемирувачката видеоснимка која во петокот кружеше на интернет, прикажувајќи го првото од двете пукања во џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во кои се убиени најмалку 49 луѓе.

Новозолендската полиција објави дека работи на тоа дека „снимките да се отстранат“ и ги повикува карисниците да не ги споделувал преку специјалните мрежи. Facebook објави дека „веднаш ги отстранил Facebook и Instragam профилите на напаѓачот и видоеснимката“ по предупредувањето од полицијата.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн подоцна во петокот го повтори апелот на полицијата, истакнувајќи дека граѓаните не смеат да ја споделуваат снимката и да му дават простор „на овој чин на насилтво и пораката којашто зад неа стои“.

Снимката во траење речиси 17 минути го прикажува напаѓачот во маскирна и црна облека кој вози до џамијата ал-Нур во Крајстчрч, Потоа се случа четничка песна, а на совозачкото место се гледаат неколку парчиња оружје. На пучките се натписи, според некои тврдења на личности од српската историја, а на едена од нив е „Еба Акерлунд“, името на 11-годишно девојче коешто во 2017 година е убено во исламистички терористички напад во Шведска.

По влегувањето во џамијата, мажот пука кон најмалку дваесетина луѓе во зграда, како и врз две лица на улицата. Снимката наликува на игрите од ткн „пукање“, бидејќи е снимена со камера која напаѓачот ја носел на главата. Напаѓачот потоа се враќа по уште оружје и потоа повторно влегува во џамијата. Снимката завршува со брзо бегство со автомобил од местото на злосторството и пукање низ прозорецот од возилото.