Кога ќе излезе Христијан Мицкоски на избори, тоа ќе бидат претпоставувам предвремени парламентарни, по поразот на власта на овие претседателски избори, ќе видиме дали неопределените ќе му ја дадат својата доверба на Мицкоски или на Зоран Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостувањето во емисијата „Отворено 24“.
Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори, заедно со претседалската кандидатка Гордана Силјановска Давкова и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 42,5 отсто од вкупниот број на гласачи што излегле да гласаат, и оти тоа е далеку повеќе од изборите во 2004 кога имало околу 34 отсто и од изборите во 1999-тата кога имало 21,1 проценти.
Следните, претпоставувам, предвремени парламентарни избори ќе излеземе со понуда и ќе видиме дали граѓаните таа ќе ја препознаат. Јас сум убеден дека граѓаните ќе ја препознаат таа понуда и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада, затоа што граѓаните се чувствуваат излажани, изманипулирани од политичар како Зоран Заев и луѓето кои што се околу Зоран Заев, како Стево Пендаровски и останатите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски порача и дека во наредните две седмици партијата ќе мотивира што повеќе луѓе да гласаат и да се прекине апатијата во земјата.
„Ние имаме граѓани кои одлучиле да се определат, во конкретниот случај одлучиле да се опредалат околу 42 проценти. Јас сум мотивиран што излегле 42,5 проценти и задоволен сум што за 6,5 проценти имам подобар резултат од тие што излегле и ја дале доверба на ВМРО-ДПМНЕ. Ова за нас значи поттик да мотивираме да излезат повеќе во вториот круг и да има ВМРО-ДПМНЕ што подобар резултат, да се прекине апатијата’, рече Мицксоски.