Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) и левичарската Можеме (Podemos), кои се споменуваат како можни коалициски партнери во обидот за формирање нова влада на Шпанија, во петокот влегоа во спор околу ситуацијата во Венецуела.
Пабло Иглесијас, лидерот на Podemos, изјави дека социјалистичката влада на премиерот Педро Санчез згрешила кога го признала венецуелскиот опозициски челник Хуан Гуаидо за привремен претседател на латиноамериканската држава. Напомна притоа дека, во приватен разговор, од шпанското министерство за надворешни работи му признале дека „било грешка да се признае председател кој не сака да распише слободни избори“, алудирајќи на барањето на Гуаидо венецуелскиот претседател Николас Мадуро да му ја предаде власта, откако тој на почетокот од јануари со поддршката на САД се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела, а инаку е претседател на Националното собрание.
Иглесијас рече за новинарите во Мадрид дека „јасно го осудува државниот удар“ кој според неговото мислење се случил во вторникот во Венецуела, како и дека на оваа земја за излегување од политичката и економската криза ѝ се потребни слободни избори.
„Гуаидо не сака слободни избори, тој сака државен удар кој би испровоцирал интервенција на (американскиот претседател) Доналд Трамп и пролевање крв во Венецуела. Министерот за надворешни работи (на Шпанија) Жосеп Борел знае дека имаме право и приватно ни призна дека било грешка да се признае претседател кој не сака да распише слободни избори“, изјави Иглесијас.
Шефот на шпанската дипломатија Борел ги отфрли тврдењата на Иглесијас за „признавање на грешката“ со признавањето на Гуаидо.
„Во врска со хипотетичките разговори, а кои не се знае кој од министерството за надворешни работи ги водел, а не се знае ниту со кого од Podemos, морам решително да ги демантирам. Немам никакви сознанија дека кој и да е од министерството за надворешни работи разговарал со некој од партијата на господин Илгесијас“, рече Борел за шпанската новинска агенција EFE.
Поранешниот конзервативен шпански премиер Хозе Марија Азнар, кој во 2003 година ја поддржуваше интервенцијата на САД во Ирак, во декемврио минатата година го обвини Иглесијас и неговите партиски колеги политиколози за давање советнички услуги на владата на Мадуро, на што Игелсијас одговори дека Podemos не се финансирал од никого од Венецуела, ниту дека тој лично ја советувал тамошната влада.
Во врска со ситуацијата во Венецуела, Иглесијас го зазема ставот кој го брани и поранешниот шпански социјалистички премиер и партиски колега на Борел, Хозе Луис Родригез Запатеро а кој бара „дијалог меѓу Венецуелците и демократско решение“ преку слободни избори „на коишто владата и опозицијата демократски би се натпреварувале“. Запатеро беше еден од меѓународните набљудувачи на венецуелскиот претседателски избори во мај 2018 година, на кои актуелниот претседател Мадуро победи со 67,8 отсто од гласовите и го освои вториот претседателски мандат. Гуаидо, како претседател на паралментот во кој доминира опозицијата, не го признава резултатот од тие избори и тврди дека не биле чесни.
За разлика од Запатеро, социјалистички премиер на Шпанија во периодот од 2004 до 2011 година кој не ја критикуваше победата на Мадуро, актуелниот премиер Санчез на 4-ти февруари годинава официјално го призна Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. „Со јасен хоризонт за распишување претседателски избори, транспарентни и слободни, во најкус можен рок“, рече тогаш Санчез на вонредната прес-конференција во Мадирд.
Во неделата на шпанските претседателски избори победи PSOE на Санчез освојувајќи 123 мандати во парламентот со 350 места. За формирање влада потребни му се 176 мандати, па следните седмици се очекуваат преговори со срорниот Podemos, кој во коалиција со помалите партии освои 42 места, како и со регионалните левичарски партии со што би можело да се формира широка лева коалиција.