На локалните избори до 13 часот во Охрид одѕивот на гласачите речиси 22, во Ново Село 24 отсто

По обработените податоци од повеќе од 99 отсто од избирачките места во општините Охрид и Ново Село, каде што во неделата се гласа и во вториот круг од предвремените избори за градоначалник, одѕивот на гласачите е 21,91 односно 24,14 проценти, покажуваат резултатите на Државната изборна комисија.

Во единствениот избирачки список со право на глас за избор на нов градоначалник на Охрид се запишани 52.303 а до 13 часот правото на глас го оствариле 11.450 гласачи, а во Ново Село 11.365 а досега гласале 2.743 избирачи.

Непречено се одвива изборниот процес и во соседната Општина Дебрца, каде според ОИК до 13.00 часот на гласање излегле 995 лица или 23 отсто од граѓаните со право на глас.