Еден загинат во земјотресот со магнитуда 8 во Перу

Еден човек загинал и уште 11 се повредени во земјотресот со магнитуда од 8 степени по Рихтер кој во неделата утрото по македонско време го погоди северот на Перу, објави на Twitter Националниот центар за реакција на вонредни состојби (COEN).

„Во моментов познато е за една жетва и 11 повредени“, се наведува во соопштението.

Во моќниот потрес 55 објекти се толку оштетени што се веќе непогодни за живеење и работа, а оштетувања има на уште 48 станбени објекти и една болница.

Според податоците на американскиот Голошки институт (USGS), кој првично објави дека потресот е со магнитуда од 7,5 но подоцна ја прецизираа неговата моќност, епицентарот на подземниот удар се наоѓал на 85 кимлометри југоисточно од градот Лагунас, кој има околу 9.000 жители, во областа Сан Мартин. Жариштето на потресот било на длабочина од 115 километри.

Треперењето на почвата биле почувствувани и во Бразил, Еквадор и Колумбија. Поради земјотресот, неколку населени места во областите на Сан Мартин и Лорето останале без снабдување со електрична енергија.