Нема поплави ниту штети од ветровите во Пелагонија, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Велат дождовите што паднаа досега почвата имаше капацитет да ги прими без формирање на подземни води.
„Единствено би можело ако наврнат дождови до 30 литри што кај нас не се најавени, па вливот во Река Црна да биде голем и да се поплави,“ вели Димче Јошевски од ДЗС.
Минатата година се исчистиле сите канали, а тоа обезбедило заштита за следните 10 години.
Реката Црна која се смета за црна точка за поплави во пелагонискиот регион, 30 години не беше чистена а лани државата додели 270 литри нафта од Државните резерви, за чистење иако недостасувало и механизација
Од дирекцијата велат дека граѓаните кои минатите години имаа штета од поплавите очекуваат државата да ги обештети.
„Има терминолошки погрешно толкување дека државата обештетува, значи државата помага во висина од 20% од износот на вкупната штета.Ова е дефинирано во Законот за заштита и спасување и додаваат.Земјоделците треба да ги осигуруваат своите имоти користејќи го бенефитот од државата за 50% субвенционирање на износот за осигурување,“ потенцираше Јошевски.