
На Социјалните мрежи кружат фотографии од Јавна здравствена установа во Гостивар која не е именувана на која јасно се гледа како за здравствените работници не важат никакви правила и закони во државава.
Имено медицинското лице на фотографијата се гледа како извршува медицински обврски со цигара во раката што се коси со сите професионални, етички и морални стандарди на белите мантили, како и се коси со законските права и норми.
Фотографиите освен на социјалните мрежи, биле испратени и до Министерството за здравство од каде немаат добиено никаков одговор.
Ова е јасен доказ за НЕработењето и НЕконтролирањето на министерот за здравство врз здравствените работници кои се во својство на граѓаните.