Општина Аеродром ќе го преиспитува договорот со маркетинг агенцијата

Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес, како и принципите за одговорно и транспарентно работење, кое подразбира рационалност и економичност, сукцесивниот Договор со приватната маркетинг-агенција ќе биде преиспитан.

Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации, известуваат од општината.

Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.

Граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.