Трамп го отповикал нападот врз Иран поради можни големи човечки загуби

Командантот на воздухопловната дивизија на иранската Исламска револуционерна гарда ((IRGC), Амир Али Хаџизадех, 21-ви јуни 2019 година, ги разгледува остатоци од собореното американско беспилотно летало во Техеран/ (Photo by AP)

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ги отповикал нападите врз цели во Иран поради тоа што во тие удари би загинале 150 луѓе, што не би бил „пропорционален“ одговор на уривањето на американското беспилотно летало, откако иранската елитиот Корпус на гардата на исламската револуција објави дека Иран се воздржал од уривње на американскиот воен авион со 35 луѓе.

Со низа изјави на Twitter во петокoт, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД биле подготвени „синоќа да возвратат на три различни локации“, но дека тогаш ги отповикал нападите 10 минути пред почетокот на акцијата.

„Не се брзам, напата војска е обновена, нова и подготвена да тргне, убедливо е најдобрата на светот. Санкциите нагризуваат, а синоќа уште и додадовме“, објави Трамп порачувајќи дека на Техеран не смее да му се дозволи да дојде до нуклеарно оружје. Додаде дека Иран „навистина е послаба нација денес“.

Компандантот на револуционерната гарда, Амир Али Хаџизадех, малку претходно во петокот рече дека Иран се воздржил од соборување американски авион кој имало 35 лица, а кој ги следел соборениот шпионски дрон од правецот на Оманскиот залив.

„Покрај американското беспилотно летало во областа беше и американски авион ‘Р-8’ со 35 луѓе. Овој авион, исто така, влезе во нашиот воздушен простор и можевме да го собориме, но не го сторивме тоа“, рекол Хаџизадех, главниот командоант на водушниет сили на иранската гарда појаснувајќи дека со соборувањето на дронот сакале да им упатат „предупредување на терористичките сили“ на САД.

Тензиите меѓу САД и Иран се заострија од минатата година кога Вашингтон еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор кој Техеран во 2015 година го потпиша со шесте светски сили. Притоа беа вратени на сила американските санкции чијашто првенствена цел е да се уништи иранскиот нафтен сектор. Иран во четвртокот објави дека соборил американски дрон во иранскиот воздушен простор, додека САД тврдат дека дронот бил во меѓународен водушен простор. Според некои изјави од американските функционери, беспилотното летало било соборено уште во понеделникот.