Бизнисменот Азманов го посочи поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, дека бил вмешан во повеќе „матни“ работи, а тој се јави и порача.
„Трендот на лажни вести мора да запре. На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.
За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини.
Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!, напиша Кирацовски на Фејсбук.