Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41-ви пат, под покровителство и финансиска поддршка од општина Аеродром и Град Скопје, а годинава меѓу нив три девојки.
Драгана Каловска трета година по ред учествува, Елена Мишева втора година, а за прв пат нив ќе им се приклучи и 17 годишната Марија Стамболиска. Пред да тргнат на пат, тие имаа подготовки, јавува Фактор.
Коњаничкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Инаку, организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.