На Мечкин Камен со македонскиот народ на Илинден. Тука храбро се бореа македонските востаници за Република и човечки правдини, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Нивниот аманет е завет за нас. Да ја градиме и воздигнуваме Македонија. Над Македонија се надвиснати темни облаци, ја владее ненародна одродена власт. Но денот на промена доаѓа многу брзо. И Македонија пак гордо ќе се исправи. Сите заедно со нашиот народ ќе ја вратиме гордоста на Македонија, порача тој.