Со согласност на Владата, над девет илјади квадратни метри државно градежно земјиште со непосредна спогодба е дадено под закуп на фирмата МХЕ „Тополки“ од Скопје за изградба на мала хидро електрична централа и придружни објекти.
Името на фирмата Тополки е речиси непознато но, во компанијата, управител е Тодор Анѓушев, брат на вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев, дознава Алсат М.
Газди пак, на „Феро Инвест“ се вицепремиерот Кочо Анѓушев, брат му Тодор и извесен Никола Гравчевски.
Документите од Централниот регистер покажуваат дека во сопственичката и управителската структура на „Тополки“ се членови на семејството Анѓушеви.
„Кочо Анѓушев е вицепремиер во владата, а фирмата која закупи градежно земјиште е управувана од брат му. Но, и покрај евентуалниот конфликт на интереси, владата донела одлука и го дала под закуп земјиштето“, пишува Алсат М.