Ердоган повика на внимателноста поради обвинувањата на Иран за нападите во Саудиска Арабија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика во средата на претпазливост при обвинувањата на Иран за нападите врз саудиските нафтени постројки од 14-ти септември, додавајќи дека не е исправно целиот товар да се става на оваа земја.

САД, нивните европски сојузници Велика Британија, Франција и Германија, како и самата Саудиска Арабија, го обвинија Иран за споменатите напади, иако јеменските бунтовници од шиитската племенска заедница Хути, чиј сојузник е Техеран, ја преземаа одговорноста за нападот како одмазда за нападите врз нив од арапската сунитска коалиција која ја предводи Ријад во конлфиктот во Јемен од 2015 година. Самиот Иран ги отфрла ваквите обвинувања.

„Мислам дека не е исправно да се обвинува Иран“, рече Ердоган во интервјуто за американската телевизиска мрежа Fox News и додаде дека нападот бил изведен од неколку подрачја од Јемен.

„Доколку целиот товар го ставиме на Иран, тоа нема да биде исправниот начин. Достапните докаци не несочуваат неопходно на овој факт“, додаде турскиот челник.

Саудиска Арабија се „консултирала со пријателите и сојузниците за следните потези“, рече за новинарите во средата саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир.