Три комитета на Конгресот објавија во понеделникот дека издале задолжителен налог за поранешниот њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани, кој сега е личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, да им ги предаде снимките од неговите раговори со украински функционери во рамките на истрагата за можното отповикување на Трамп од претседателската должност.
„Агендата од Вас бара да ги доставите сите информации за контактите и другите релеванти документи до комитетите за процена на целиот обем на обидите на претседателот и неговата администрација да извршат притисок во Украина за да се вмешва во нашите претседателски избори во 2020 година“, се вели во барањето од Џулијани.
Сите три кометита во кој демократите имаат мнозинство, наведуваат дека Рудолф Џулијани на национална телевизија признал дека од сегашната влада на Украина барал да се истражи начинот на кој е сопрена истрагата за корупција во енергетска компанија во чиј одбор на директори били синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.
Барањето Џулијани да ги предаде сите документи во врска со контроверзниот телефонски разговор меѓу американскиот и украинскиот претседател до крајот на јули годинава, за кои адвокатот на Трамп наводно потврдил дека ги поседува, има краен рок до 15-ти октомври. Тој претставува воедно и нов обид на Демократската партија да го отповикаат републиканскиот претседател.
Скандалот со Украина и неговиот разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски, Трамп го нарече „најголемата измама во историјата“.
Доколку Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинството го имаат демократите, одлучи за изнесување на обвиненијата (impeachement) против републиканскиот претседател, што би можело да се случи во следните месец дена, би му се судело во Сенатот во кој, пак, мнозинството го имаат Републиканците. За да се осуди и смени претседателот, потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот кој има 100 членови.