
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека денеска остварил средба со Волкмар Клајн, Пратеник во Германскиот Бундестаг и Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Јоханес Рај.
Остварив средба со Волкмар Клајн, Пратеник во Германскиот Бундестаг
и Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Јоханес Рај. Разговаравме за проблемите, предизвиците и иднината на Република Македонија. Македонија има пријатели, потребна е волја и визија за напредок, обнова која ќе донесе подобар стандард за сите.