Германската влада нема намера на кинескиот телекомуникациски гитант „Huawei“, кој е под американски санкции, да му забрани учество во изградбата на мобилната мрежа од петтата генерација 5G, соопшти упште една во понеделникот владата во Берлин.
„Германскиот пристап беше и ќе остане дека во градењето на мрежата може да учествуваат сите компании кои ги исполниле безбедносните услови“, рекол за Reuters претставник на германската влада.
Дневниот весник Handelsblatt претходно објави дека германската влада нема поради безбедносните дилеми да ја исклучи кинеската компанија „Huawei“ од конкурсот за добивање лиценци за градење на 5G мобилната мрежа.
„Huawei ќе мора, исто како и другите компании, да ги исполни безбедносните услови, доколку сака да учествува во проектот“, го пренесува Reuters натаму ставот на американската влада.
Американската администрација го обвинува „Huawei“ за соработка со армијата и разузнавањето на Кина и за можни шпионирање во полза на владата во Пекинг. САД, исто така, вршат притисок врз редица земји да не ја користат инфраструктурата и опремата од кинеската компанија при префлрањето на стандардот на мобилните мрежи 5G. Кинеската компанија тврди дека обвинвуањата се неосновани, политички мотивирани и ги кршат принципите на на конкуренцијата на пазарот.
Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер уште оваа пролет појаснија дека нема да има клаузули кои на „Huawei“ би му забранувале пристап на тенерот за 5G мрежата.
Вашингтон подолг период наназад врши голем притисок врз европските сојузници да не ја користат опремата од кинескиот комуникациски гигант „Huawei“ за развој на мобилната мрежа од петтата генерација. САД и Австралија ги затворија своите пазари за кинеската компанија, но европските држави сѐ уште не ја донесоа конечната одлук. Во прв ред Германија која засега го нема потпишано договорот со кинеската компанија, но го одбива американскиот притисок да ја исклучи од својот тендер за градење на 5G мрежата.
САД може да престанат да предаваат разузнавачки информации на Италија, доколку оваа земја соработува со кинески компании во областа на мобилните комуникации од петтата генерација (5G), предупреди на почетокот од октомври американскиот државен секретар Мајк Помпео. Шефот на американската дипломатија во интервјуто за италијанскиот телевизиски канал Sky TG24, истакна дека доколку американските разузнавачки агенции и министерството за одбрана дојдат до заклучок дека комуникациските мрежи во Италија се изградени со учество на кинески компании се нефигурни и каде „постои ризик за нашите информации“, тогаш САД ќе мора да прифатат „некои многу тешки одлуки“.