Славните личности во Бакингемската палата пушеле во тоалетот и краделе вц-хартија

Без оглед на тоа дали во Бекингемскиот дворец краделе тоалетна хартија или таму консумирале наркотици, бројни славни личности им останале во лошо сеќавање на домаќините на славното кралско здание во престолнината на Обединетото Кралство.

Актерката Оливија Колман во серијата „The Crown“ на Netflix го толкуваше ликот на британската кралица, што подрабира познавање на основните правила на протоколот и убавото однсесување, но додека ја промовилата серијата во интервју за The Sunday Times признала дека нејзиониот сопруг во текот на посетата на Багингемскиот дворедц украл еден предмет кој решил да го земе со себе како сувенир.

Бакингемскиот дворец не реагираше на оваа изјава, пишува BBC News. Портпаролката ја кралската резиденција открила дека дворецот годишно го посетуваат околу 50.000 луѓе. „Кога секој би земал по еден предмет за спомен, тука ме би останале толку многу“, рекла.

 

Кои се напознатите престапници?

Се зборува дека тоа се членовите на легендарниот бенд The Beatles кои во 1965 година пушеле канабис во тоалетот на дворецот, пред да им бидат врачени одликувањата. Но подоцна Џорџ Харисон го негираше ова тврдење, појаснувајќи дека во тоалетот запалиле обични цигари, бидејќи биле многи нервозни и напнати.

Познатиот пејач Роби Вилијамс признава дека пушел канабис во Багингамскиот дворец, но негира дека таму еднаш му се слошило, поради што повраќал. „Дали повраќал во Бакингемскиот дворец? Не. Само пушев џоинт“, рече Вилијамс пред две години за таблоидот The Sun. Весникот претходно пишуваше за инцедент кој се случил во 2012 година.

Бакингемскиот дворец е едно од познатите места на кои комичарот и писател Стивен Фрај, пријател на принцот од Велст, консумурал кокаин. Во своите мемоари кои излегоа под насловот „More Fool Me“, Фрај пишува дека наркотиците „ги шмркал“ и во Домот на лордовите, во Долниот дом на британскиот парламент, но и во центарот на BBC. „Може да се каже дека сум го нарушил угледот на прекрасни дворци и имоти кои ги користел славниот естаблишмент“, напиша познатиот циник Фрај.

Британската оскаровка Оливија Колман за The Sunday Times рече дека во текот на една добротворна вечера во дворецот, нејзиниот сопруг украл ролна тоалетна хартија за да има доказ дека навистина биле таму. Од интервјуто не може да се разбере дека Колман била „соучесничка во злосторството“.

Познатиот телевизискиот водител Пирс Морган се смета за „сериски престапник“, кога станува збор за неговите посети на домовите на славните и богатите. Во еден случај призна дека дома има цела колекција од тоалетни хартии кои ги украл од домовите на славните личности. Една од нив е и црната ролка хартија со монограми од тоалетот на Сајмон Коувел, по што според него било логично и да „се добере“ и до сувенир од домот британската кралица. Но, како што самиот признава, храброста за собирање сувенири му исчезнача кога во 2011 година на ред дошол „споменот“ од Белата куќа, во времето додека американски претседател беше Барак Обама. „Се уплашив дека ќе завршам во затвор“, рече во 2011 година во интервјуто за The Mail on Sunday.

Пранешната членка на женскиот бенд The Spice Girls, Ема Ли Бантон во емисијата „Celebrity Juice“ на ITV2, рече дека од Бакингемскиот дворец за спомен го земала знакот од вратата на тоалетот, кога на пока на од кралицата настапувала во дворецот. Станува збор за концерт одржан по повод Златниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во 2002 година.

Британската актерка, пејачка и телевизиска водителка Денис фан Оутен се извини, признавајќи дека „позајмила“ пепелник и држач за кутии за шамичиња пред 21 година. На гледачите на утринската програма на Canal 4, објасни дека тоа го направила од чиста забава. Подоцна двата „позајмени“ предмети ги испратила назад со подарок, кадифена камела, како знак на извинување. „Се извинувам Ваше Величество, намав намера да предизвикам проблеми“, наводно напишала во пораката.

 

Што на тоа вели дворецот?

 

Поранешниот портпарол на кралицата за медиумите, Дики Арбитер, вели дека чесните посетители секогаше се добредојдени во Багингемскиот дворец. Станува збор за оние кои доаѓаат на посета, а притоа ништо не крадат.

„Тоа е многи несфатливо. Имено, на тоалетната хартија не пишиува дека е од Бакингемскиот дворец. Станува збор за обична хартија, како и секоја друга“, вели. Притоа се прашува дали од дворецот во 1988 година навистина е однесен пепелник, имајќи предвид дека во неа уште тогаш пушењето било забрането. Арбитер вели и дека ловците на сувенири имаа многу ретко можност да украдат некој предмет.

На приборот за јадење, на пример, нема никава ознака на дворецот, а посетителите наместо чинии, канапето на пример го консумираат со помош на салвети. Смета дека со ваквите изјави сланивте личности вусшност сакаат да го зголемат сопствениот публицитет.

„Не носат со себеси ништо вредно. Тоа ги прават само за да можат да кажат ‘земав нешто од Бакингемската палата’. Па, ве молам, одете во продавница и таму купете голем пакет со ролни тоалетна хартија“, порачува Арбитер.