Пратеникот на Европскиот парламент Илхан Кјучјук од Бугарија ќе биде новиот известувач на ЕП за Северна Македонија,објави European Western Balkans.
Тој е член на групата Обнова на Европа, претходно позната како Алијанса за либералите и демократите во Европа (АЛДЕ). Претходниот известувач на ЕП за Северна Македонија, Иво Вајгл, беше од истата парламентарна група.
Кјучјук од Движењето за права и слободи во Бугарија стана европратеник во 2014 година и беше реизбран оваа година. Беше член на Комитетот на делегацијата за надворешни работи за врски со земјите од Магреб.
Известувачите за Србија и за Босна и Херцеговина, членови на Европската народна партија, ќе бидат избрани во понеделник, а имињата на известувачите за Црна Гора (Тонино Пицула), Албанија (Изабел Сантос) и за Косово (Виола фон Крамон) веќе беа претходно објавени.