9.8 C
Skopje
сабота, октомври 19, 2024

(ВИДЕО) Бен Афлек повторно дупка пијан – не може да стои на нозе

Познатиот американски актер и Оскаровец , Бен Афлек (47) , кој јавно ја призна асовојата битка со зависност од алкохол, снимен е во саботата вечерта пијан на маскембалот што го организира УНИЦЕФ во Холивуд.

– Тешко и неостварливо е да се биде трезенж. Бен призна дека од време на време пропааѓа. Никогаш не стигнал до точката дека зависноста станала минато, рече еден пријател на Афлек.

Интересно е што неколку часа пред да замине на забавата, Бен Афлек се пошегува на своја сметка на Фејсбук и зборуваше за неговиот проблем со алкохолот.

– Ајде да бидеме сериозни за момент и да кажеме нешто што навистина е важно. Повеќе од една година се лекувам од зависност од алкохол и дел од тоа време им помагам на другите. Забавата на полноќ ја организира неверојатна организација која им помага на сиромашните со сместување, закрепнување, обука и развој. Ќе донирам пари за нив затоа што има луѓе кои секојдневно се борат со зависност и немаат ресурси и им е потребна помош, напиша Бен Афлек.

Утрото по забавата, 47-годишниот актер беше снимен во добро расположение пред домот на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, со која има три деца.

– Се случува, грешев. Но, нема да дозволам да ме уништи, им рекол искрено на папараците.

https://www.youtube.com/watch?v=Y7zkQ-LpK1U