Пациент го нападнал директорот на болницата во Прилеп

38 годишен доктор од прилепската градска болница синоќа бил нападнато за време на дежурството од страна на 59 годишен пациент.

Нападот се случил околу 22 часот на ортопедското одделение и од МВР информираат дека се преземаат мреки за расчистување на случајот.

Докторите пред еден месец протестираа по серијата напади врз медицински персонал. Во низата напади ова е четврти случај на напад за помалку еден месец. Докторите бараат зголемување на мерките за безбедност.