Иран пуштил во функција 30 нови центрифуги од типот IR-6 за збогатување ураниум и значително го зголемил производството на нискозбогатен ураниум, соопшти во понеделникот шефот на Иранската агенција за атомска енергија, Али Акбар Салехи.
„Денеска пуштаме каскада од 30 нови усовршени центрифуги IR-6 за збогатување ураниум“, изјавил Салехи пренесува државната иранска телевизија IRIB.
Селахи, исто така, рекол дека производството на нискозбогатен ураниум во текот на изминатите два месеца било зголемено за 10 пати.
„Ние немаше да ги преземеме ваквите чекори, но погрешните политики на Вашингтон (против Техеран) не принуди да го сториме тоа“, истакнал Салехи.
Официјален Техеран повеќепати во минатото предупреди дека ќе ги намали своите обврски произлезени од договорот, па можеби и оти целосно ќе се повлече од него, доколку другите потписнички, во прв ред европските земји – Франција, Велика Британија и Германија, не ја заштитат иранската економија од повторните американски санкции. САД, откако во мај 2018 година се повлекоа од нуклеарниот договор, се заканија со санкционирање на сите компании кои ќе работата со и во Иран.
Салехи, исто така, најавил дека новите центрифуги IR-9, на кои работат во моментов иранските инженери, треба да бидат 50 пати помоќни од моделот IR-1.
„Една од новите центрифуги ќе биде IR-9 со моќност од 50 SWU, додека моќноста на првите ирански центрифуги IR-1 се педесет пати помала моќност“, го цитира агенцијата Fars Салехи кој додал дека „центрифугите IR-8 IR-9 се домашни ирански дизјани“.
Кратенката SWU означува единица за раздвојување на изотопите е индикатор за ефективноста на центрифугите за збогатувањето на нуклеарните материјали. Новото од 190.000 SWU е доволно за производството на збогатено нуклеарно гориво, вклучително и за воени цели.