Брегзитот не значи почеток на распадот на ЕУ, порача фон дер Лејен

Истапувањето на Велика Британија од Европската унија не знали распад на Унијата, напротив, во рамките на овој процес земјите членки ја зајакнаа својата сплотеност, изјави во петокот избраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Ние, Европа, добивме нова сила од кризата. Да, мислам на брегзитот. Секако, жалиме што нашите британски пријатели сакаат да нѐ напуштат. Сепак, искуството со брегзитот на многумина кои се сомневаа во ЕУ им ги отвори очите и им покажа што тие имаат во лицето на Европската унија“, изјави фон дер Лејен во своите излагање во Берлин во централата на германската фондација „Конрад Аденауер“.

Поранешната министерка за одбрана во владата на Ангела Меркел додаде дека брегзитот нема да значи „почеток на безаконието, процес на распаѓање на ЕУ“. „Напротив, без раликако колку и да се разликуваме во процесот на преговорите за брегизотот, 27-те земји заземаат единствена позиција“, додаде фон дер Лејен.

„Колку и да звучи парадоксално, шокот од брегзитот ја зајакна нашата унија, не натера да биде посплотени. Тој не само што покажува што претставува напуштањето на ЕУ, туку и што секоја земја добива како дел од Европската унија. Силата на заедничката идеја ни овозможува да ги надминеме дополнитените растојанија“, додаде новата челничка на ЕК во пресрет на прославата на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Фон дер Лејен алудираше на тоа што моменталните тешкотии во врска со излегувањето на Велика Британија од ЕУ ја парализираа и поделија земјата откако Британците во јуни 2016 година на референдум се изјаснија за излегување од Унијата и брегизитот веќе трипати беше одложуван. Во моментов актуелен датум за брегзитот е 31-ви јануари 2020-та, а во Британија на 12-ти декември ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Преговорите за условите на излегувањето и идните односи меѓу Лондон и Брисел долго запнуваа на прашањето на границата на Ирскиот остров, за конечно да биде постигнат компромис, но кој сѐ уште не е усвоен во британскиот парламент.