Манчестер Јунајтед викендов победи, но тренерот Оле Гунар Солскјер не можеше да се израдува како што треба.
Имено Норвежанецот нема причини многу за задоволство откако на мечот против Брајтон се повреди Скот Мектоминеј.
Имено како што се пренесува, едено од најстандардните во тимот на „црвените ѓаволите“ го повредил скочниот зглоб.
Шкотскиот интернационалец има истегнати лигаменти, а овие повреди се непредвидливи и бараат внимателна рехабилитација. Првичните прогнози се дека ќе мора да паузира четири недели.
Како што е познато, веќе од претходно на листата на повредени на „Олд Трафорд“ се наоѓаат Погба, Ван Бисака, Шо, Рохо, Бејли.