Британскиот премиер Борис Џонсон го претстави во неделата својот изборен манифест во кој ветува дека пред католички Божик ќе му гo предаде на парламентот својот договор за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија и исклучува секое ново одложување на процесот.
На три седмици пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12-ти декември, владејачката Конзервативна партија и опозициската Лабуристичката партија се обидуваат со различни платформи да ги привлечат гласачите, но и двете партии предвидуваат поголема потрошувачка.
Премиерот Борис Џонсон својот манифест го претстави во неделата во конференцискиот центар во Телфорд во централна Англија, откако претходно седмицата тоа го стори и челникот на лабуристите Џереми Корбин. Наспроти ветувањата на Корбин дека ќе ги зголеми даноците за богатите и за работодавачите за да ја финансира јавната потрошувачка, Џонсон порачува дека даноците нема да растат. Анкетите им даваат голема предност на конзервативците на Џонсон, но бидејќи има и голем број неодлучени гласачи, некои медиуми наведуваат дека изборниот резулtат не може да се предвиди.
„Да го спроведеме брегзитот и ќе видите плима од вложувања во нашата земја. Да го спроведеме брегзитот и можеме срцата и главите да гi насочиме на приоритетите на британскиот народ“, рече Џонсон на претставувањето на манифестот. По доаѓање во центарот Џонсон бил поздравен со овации од нeговите приврзаници, а малку понастрана противниците извикувале „лажго“, пренесуваат медиумите.
Лабуристичкиот манифест се заснова на платформата „оданочуваj и троши“, а Џонсоновиот официјално има наслов „Да го спроведеме брегзитот, да го ослободиме британскиот потенцијал“. Конзервативците, исто така, ветуваат замрзнување на даноците на платата и на ДДВ-то, како и на социјалното осигурување.
Џонсон најавува 3 милијарди фунди за Фондот за национални вештини и дополнителни 2 милијарди фунти за крпење на дупките на британските патишта. Ветува и ограничување на цените на сметките за енергијата. Џонсон најавува дека за 23,5 милијарди фунти ќе ги намали даноците и јавна потрошувачка од 2020 до 2024 година. Натаму, дека договорот за излегување од ЕУ треба да мине расптрава во парламентот пред Божик за раздружувањето да може да биде изведено до крајот на јануари. Кога станува збор миграцијата, се ветува воспоставување контроли за имигрантите и ставање крај на слободата на движењето на луѓето, намалување на бројот на неквалификувани мигранти и намалување на новнниот севкупен број. За квалифукуваните лекари, медицински сестри и здравствени рабонити ќе бидат понудени визи кои овие лица ќе ги добиваат во кус рок. Конзерватиците ветуваат 50.000 нови медицински сестри и болничари кои во текот на образованието ќе припаат стипнедија и нема да мора да ја враќаат.
Портпaролот на лабуристите, Ендрју Гвејн манифестот на Џонсон го оцени како „патетичен“. „Тој манифест не нуди надеж, го предлага партијата којашто нема што да ѝ понуди на земјата по десет години разорување на јавните услуги“, рече.
Во обидот да ги привлече гласачите, Лабуристичката партија ветува компензација за повече од три милиона жени кои загубиле години од државната пензија кога беше подигната возрасната граница за пензионирање. Лабуристите ветуваат дека ќе испреговараат подобар договор со ЕУ во рок од шест месеци кој ќе овозможи одржување на уште еден референдум, а на негов ќе биде понудена и опцијата за останува во Унијата. Корбин најави дека во тој случај ќе биде неутрален, а Џонсон го критикуваше во неделата ваквиот негов став.
„Тие сакаат да го отфрлат нашиот договор и да испреговараатѕ бов. Но не знаеме за ниеден член на лабуристите (во парламентот) или за кој и да е друг пратѕеник кој би поддржал таков договор. Тоа би било фарса, комедија кога последиците од ваквиот пристап не би биле катастрофални, како и изгледите за следната година. Не давајте можност да се склучи ваквото лудило“, рече Џонсон поздравен со силен аплауз и смеа.
Аналитичките институти, како на пример Институтот за фискални студии, изразуваат сомневања во веродостојноста на двете партии.